ВО ТЕАРЦЕ ОДБЕЛЕЖАНА 24-ГОДИШНИНАТА ОД НАПАДОТ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА И ЗАГИНУВАЊЕТО НА ПОЛИЦАЕЦОТ МОМИР СТОЈАНОВСКИ

    ВО ТЕАРЦЕ ОДБЕЛЕЖАНА 24-ГОДИШНИНАТА ОД НАПАДОТ НА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА И ЗАГИНУВАЊЕТО НА ПОЛИЦАЕЦОТ МОМИР СТОЈАНОВСКИНа местото каде што беше извршен овој терористички напад денеска беше положено цвеќе (Фото: Одбор на бранители)

    Во тетовско Теарце денеска беше одбележана 24-годишнината од загинувањето на полицаецот Момир Стојановски (29). Тој беше убиен при напад со ракетен фрлач врз полициската станица во Теарце на 22 јануари 2001, што се смета за почеток на вооружениот конфликт таа година. Во нападот изведен од припадници на т. н. ОНА, тешко беше ранет полицаецот Давор Евросимовски, кој подоцна им подлегна на повредите, а со полесни повреди се здобија Борче Ѓуровски и Јахи Лика.

    На местото каде што беше извршен овој терористички напад денеска цвеќе положија претставници на Одборот на бранители и делегации на СВР Тетово, политички партии и организации.

    Дваесет и четири години потоа состојбата со бранителите не е променета во ниту еден сегмент, а некои од бранителите се починати од последиците на војната. Нивните рожби, сега веќе оформени граѓани на оваа наша татковина, се прашуваат: зошто нивните родители ги положиле своите млади животи на олтарот на татковината? Политичарите почнаа лесно да ги продаваат државните интереси само заради опстанок на политичката сцена. Нивните политички договори да ги изедначат бранителите со оние кои ја напаѓаа државата се главниот проблем. Со тоа бранителите никогаш нема да се согласат“, истакна Марин Најдов, претседателот на Одборот на бранители.

    Одговорноста за нападот ја презеде т. н. Ослободителна народна армија, а два месеца подоцна започнаа повеќе вооружени напади врз државните безбедносни сили.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира