ПРЕГАЗУВАЊЕ НА 4-ГОДИШНИОТ АЛМИР Е ПОРАДИ НЕТРПЕЛИВОСТ И НЕТОЛЕРАНЦИЈА, РЕЧЕ ОБВИНИТЕЛКАТА НА СУДЕЊЕТО ВО КУМАНОВО

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРЕГАЗУВАЊЕ НА 4-ГОДИШНИОТ АЛМИР Е ПОРАДИ НЕТРПЕЛИВОСТ И НЕТОЛЕРАНЦИЈА, РЕЧЕ ОБВИНИТЕЛКАТА НА СУДЕЊЕТО ВО КУМАНОВО

    Обвинителката во Кумановскиот суд на почетокот на судењето на Бобан Илиќ, обвинет за убиство со умисла на 4-годишниот Алмир Салиу кој на 25 јули лани беше прегазен поради банална расправија со неговиот татко пред Здравствениот дом во Куманово, рече дека „денеска се наоѓаме на суд поради тоа што обвинетите презедоа дејствија поради својата нетрпеливост и нетолеранција“. Илиќ пред судот рече дека не се чувствува виновен, а застапникот на семејството побара максимална казна за делото што го сторил.

    На главното рочиште без сослушани како сведоци мајката на детето, братот и девојката на Бобан, беа изведени доказите и прегледана видеоснимката од местото каде се случила несреќата. Судењето траше 6 часа, а сите тројца детално од свој агол го опишаа моментот како настанала караницата во ходникот на  Здравствениот дом околу 22.30 часот, а потоа продолжила на улицата.

    „Се скараа со мојот сопруг поради тоа што пропуштивме постара жена преку ред. Бобан почна да го пцуе и навредува мојот сопруг по што го повика брат му по телефон. Кога пристигна брат му, се нафрли врз врз него и сакаше да го удри. Го повлеков заради доброто на детето, а потоа отидовме кон нашето возилот. Тогаш Бобан се залета со колата и удри во нас. Сопругот скокна на колата, а мене и детето нѐ отфрли на страна. Сакаше сите да нѐ убие. Кога се освестив, го видов Алмир како беше потпрен ѕидот на аголот на улицата. Го зедовме и го однесовме во Ургентен центар во Куманово, каде докторот рече дека ногата е распарчена и веднаш нѐ пратија за Скопје“, изјави мајката Неџивере со солзи во очите.

    Таа побара Бобан да се казни со доживотен затвор, но рече дека со тоа нема да се задоволи правдата бидејќи нејзиното дете нема да се врати, а таа не е во состојба да се грижи ниту за другите двајца  синови.

    Наспроти обвинувањата на мајката, девојката на Бобан Тања Димковска (24) и братот Бојан Илиќ (24) тврдеа пред судот дека тие се жртви во пресметката. Дека критичната вечер таткото Сали прв го нападнал Бобан и почнал да го удира уште во амбулантата, а потоа ги повикал неговите роднини да се пресметаат со нив на улица.

    „Таткото зеде телефон и повика некого, а потоа му рече на Бобан:’Сакаш ли да те фрлам низ прозорец’. Жената го влечеше да се тргне, но тој продолжуваше со провокациите и го удри неколкупати со рамото по грбот. Го повикавме Бобан да нѐ собере со кола затоа што бевме пешки. Кога влеговме во возилото, тројца луѓе почнаа да удираат по колата. Јас викнав полиција бидејќи ја скршија шофершајбната. Почнавме да бегаме, а тие трчаа по нас. Завршивме во слепа улица, па ја свртевме колата и се вративме назад, при што налетавме на поголема група на луѓе кои маваа со камење. Бобан не гледаше каде вози поради скршеното стакло и за да ја избегне толпата нагло сврти лево и слушнавме тап удар. Кога застана колата се нафрлија неколку луѓе, кои почнаа да ги вадат од колата и ги тепаат. Бојан го извадија, а Бобан не успеаа. Тој успеа да продолжи да вози, а потоа Бојан побегна и влезе во колата, и успеавме да се спасиме“, изјави Тања.

    Тие прво заминале дома, а потоа отишеле во полиција да го пријават случајот каде им кажеле дека има прегазено дето.

    Бојан тврдеше дека тој и брат му добиле сериозни повреди по телото од метални прачки и клоци, а тој има и исеченици по телото од нож, за што имаат медицинска документација, а тоа можело да се види и по оштетениот мерцедес.

    Пред судот беше пуштена и снимка од видеокамера од околните куќи, на која се гледа како автомобилот се движи по улицата, а по него трчаат три лица. Потоа автомобилот се враќа и удира во мајката, таткото и детето, по што совозачот го вадат од колата и настанува физичка пресметка помеѓу повеќе лица.

    Таткото на детето Сеат Алиу (37), неговиот брат Абдула Алиу (33) и братучед Сами Демири (37) се обвинети за насилство врз Бобан и неговиот брат, но и тие изјавија дека не се чувствуваат виновни.

    Наредното рочиште е закажано на 28 февруари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира