По истекот на шестмесечниот мандат на в. д. директорката на Ценатрот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, актерката Христина Атанасова-Арсова е замената со музичарот Филип Стевановски, професор во Средното музичко училиште „Сергеј Михајалов“ во Штип.
„Јас сум избран на оглас и моето работно место во Музичкото училиште ќе мирува. Новата функција ќе се трудам како уметник да ја прилагодам на вработените, посебно на актерите од Народниот театар во Штип кои исто така се уметници и се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик и ќе имаме плодна соработка, но и со останатите вработени кои се во рамките на Центарот за култура“, вели Стевановски.
Директорот кажа дека ќе ги продолжи активностите во склоп на одбележувањата на датумите поврзани со поетот Ацо Шопов чија спомен-соба се наоѓа во истоимениот Центар на култура во Штип. Во големата сала на Центарот редовно се одржува фестивалот Макфест и Детскиот музички фастивал „Весело штурче“ во септември, а Стевановски е негов главен продуцент.
Своето музичко образование Стевановски како пијанист и тромбонист го стекнал во Македонија, а неколку години се доусовршувал и во САД. Завршил два факултета, џез и класична музика и денес е магистер по џез студии.
Т. ЈОВАНОВСКИ