Хамас ослободи четири жени припаднички на израелската војска во замена за околу 200 палестински затвореници, во согласност со договорот за прекин на огнот со цел да се стави крај на 15-месечната војна во Газа.
Четирите жени кои беа заробени во 2023, беа изведени на подиумот во градот Газа, среде голема толпа Палестинци и опкружени со десетици вооружени мажи на Хамас. Тие со насмевка на лицата мавтаа пред да влезат во возилата и да бидат предадени на израелските сили.
Припадничките на израелската војска Карина Ариев, Даниела Гилбоа, Нама Леви и Лири Албаг беа стационирани на набљудувачка станица на работ на Газа и беа киднапирани од борците на Хамас кои ја прегазија нивната база за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023.