УРНАТ ХОТЕЛОТ „ЈУГОСЛАВИЈА“ ВО БЕЛГРАД

    УРНАТ ХОТЕЛОТ „ЈУГОСЛАВИЈА“ ВО БЕЛГРАДХотелот беше продаден на лицитација на 22 март минатата година за околу 27 милиони евра (Фото: Фонет)

    Еден од симболите на Белград, хотелот „Југославија“, е урнат до темел. На негово место, како што претходно беше најавено, ќе се гради луксузен деловно-станбен комплекс со две кули високи по 150 метри.

    Хотелот беше продаден на лицитација на 22 март минатата година за околу 27 милиони евра. Купувачот „МВ инвестментс“ беше и единствениот учесник на лицитацијата.

    Уривањето почна во ноември, и покрај протестите на граѓаните кои се противеа на ваквото нарушување на амбиенталната врска меѓу Нов Белград и Земун.

    Кога беше изграден во 1960-тите, хотелот со поглед на Дунав беше водечки пример на модернистичката архитектура, но беше занемарен и за неговата иднина се водеа жестоки дебати во српската јавност.

    Хотелот со пет ѕвезди ги прими првите гости во 1969 и го красеше еден од најголемите лустери на светот, со 40.000 кристали „сваровски“ и 5.000 сијалици. Откако беше оштетен во НАТО бомбардирањето на Србија во 1999, само делумно беше реновиран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира