ЕСМ БАРА ДА ПОСКАПИ ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ

    ЕСМ БАРА ДА ПОСКАПИ ПАРНОТО ВО СКОПЈЕЕСМ Дистрибувија на топлина доставила бараза за корегирање на цените поради зголемени трошоци за гас.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Државната компанија ЕСМ бара да се зголеми цената на парното во Скопје. Компанијата пред две години ја презеде топловодната мрежа од шриватната „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) и сега управува со парното греење во главниот град.

    На 18 декевмри до Регулаторната комисија за енергетија, ЕСМ Дистрибуција на топлина доставила барање за корегирање на цените поради зголемените трошоци за гас.

    „Со поднесеното Барање, Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија за 2024 година. Со поднесеното барање Друштвото бара зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,92 проценти“, стои во барањето на ЕСМ.

    Се очекува Регулаторната комисија до крајот на оваа недела или почетокот на наредната да закаже седница на која ќе се разгледа барањето на ЕСМ и ќе се донесе одлука за нова цена.

    Во Скопје на системот за парно греење се приклучени 63.000 домаќинства. Од нив, најмногу 58.000 се на системот на ЕСМ или поранешен БЕГ, 1.900 на железарското парно и 400 домаќинства на Топлификација Север.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира