МНР НЕ ИМ ДАВА ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈА

    МНР НЕ ИМ ДАВА ДИПЛОМАТСКИ ПАСОШИ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА АНТИКОРУПЦИСКА КОМИСИЈАЗасега дипломатски пасош има само претседателката Димитровска. (Фото: СДК.МК)

    Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и натаму стојат во ред за пасошка контрола со останатите граѓани при напуштање и при влез во Македонија, зашто Министерството за надворешни работи (МНР) уште не им испратило одговор им дава или не дипломатски пасоши и ним како на претседателката Татјана Димитровска.

    „Во врска со Вашето прашање упатено до ДКСК на денешната седница, за тоа дали членовите на ДКСК добиле дипломатски пасоши, Ве известуваме дека членовите на ДКСК сè уште немаат добиено одлука по однос на поднесените барања“, одговори за САКАМДАКАЖАМ.МК Антикорупциската комисија.

    Засега, дипломатски пасош од Министерството за надворешни работи има само претседателката Димитровска.

    Останатите шестмина членови барање за ваков пасош доставиле уште на почетокот на минатата година, а МНР воопшто им нема испратено ни одговор. Членови на ДКСК кои се надеваат на дипломатски пасош се: судијката во Основниот суд Софија Спасова-Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова-Шулев и Бесник Џемаиљи и ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

    Ниту еден член од минатиот состав на Антикорупциската комисија немаше дипломатски пасош, одговори за САКАМДАКАЖАМ.МК експретседателката Билјана Ивановска.

    Во јули лани, Димитровска кажа дека легитимно право е на секој член да си побара дипломатски пасош и оти има институција која ќе цени дали им следува. На прашањето дали им следува, таа одговори потврдно.

    „Да, ни следува, по основа на функционер избран од Парламентот. Пасошот не е побаран за злоупотреба за приватни цели, туку затоа што сме често поканети и на настани во други држави“, рече тогаш Димитровска.

    Функционерите со дипломатски пасош не чекаат во редици на граничните премини, туку поминуваат веднаш од посебен влез.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира