ПЕСТИЦИДИТЕ СОЗДАДОА РИБА МУТАНТ ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:43:"Охрид,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПЕСТИЦИДИТЕ СОЗДАДОА РИБА МУТАНТ ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

    Во Преспанското Езеро плива риба мутант, a за тоа многу малку се знае надвор од научната јавност, вели угледен професор од Охрид кој прв ја документирал рибата. Таа е комбинација меѓу преспанската белвица и преспанскиот грунец, а првпат е откриена пред десетина години.

    Професор д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод во Охрид, кој прв ја документира појавата на оваа риба мутант, вели дека таа и понатаму опстојува во Езерото, а последиците по еко системот сѐ уште се испитуваат. Експертите велат дека рибата мутант може да е резултат на испуштањето пестициди и хербициди во водите на Преспанското езеро кои се користат за прскање на овошните насади во негова близина.

    Експертите велат дека рибата мутант може да е резултат на испуштањето пестициди и хербициди во водите на Преспанското езеро кои се користат за прскање на овошните насади во негова близина (Фото: архива на Хидробиолошкиот завод во Охрид)

    Експертите велат дека рибата мутант може да е резултат на испуштањето пестициди и хербициди во водите на Преспанското езеро кои се користат за прскање на овошните насади во негова близина (Фото: архива на Хидробиолошкиот завод во Охрид)

    „Во рибарството хибриди може да се добијат на вешачки начин со вкрстување на два различни вида, при што се очекува да се добијат подобри производствени карактеристики на новодобиениот хибрид. Но исто така и во природата, иако доста ретко, по природен пат може да се се случи да се вкрстат два различни видови и да се добијат природни хибриди. Еден таков природен хибрид е оној што настанал со природно вкрстување помеѓу преспанскиот грунец (Rutilus prespensis) и преспанска белвица или нивичка (Alburnus belvica). Во досегашните истражувања на ловините на преспанските рибари овој хибрид доста ретко се среќава. За првпат е констатиран и опишан во Малото Преспанско Езеро, во Грција. Во водите на македонскиот дел на Преспанското Езеро овој вид го открив пред десетина години при деталните истражувања на грунецот во Преспанското Езеро, вели проф. д-р Талевски.

    Овој природен хибрид ги има особините од двата свои родители, вели проф. д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод во Охрид, кој прв ја документирал рибата мутант (Фото: архива на Хидробиолошкиот завод во Охрид)

    Овој природен хибрид ги има особините од двата свои родители, вели проф. д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод во Охрид, кој прв ја документирал рибата мутант (Фото: архива на Хидробиолошкиот завод во Охрид)

    Тој смета дека загадувањето со пестициди е причина за појавата на оваа хибридна риба во Преспанското Езеро.

    „Овој хибрид ги има особините од двата свои родители. Растењето на хибридот е без големи отстапувања од правилното и соодветно зголемувања на должината и тежината. Сепак, констатирано е дека растењето е скоро идентично со тоа на преспанскиот грунец и малку побрзо отколку што е растењето на преспанската белвица. Сѐ уште е дискутабилно местото на овој хибрид во систематиката на рибите од Европа. Една од причина за настанувањето на природните хибриди е влошувањето на животните услови на средината во која живеат организмите од кои настанал природниот хибрид. Како причина за создавањето на хибридот помеѓу преспанскиот грунец и преспанска белвица или нивичка може да е зголеменото загадување со хемиски материи, пестициди и хербициди во водите во Преспанското Езеро во изминатиов период, а со спуштањето на неговото ниво нивните концентрации уште повеќе се зголемија“, вели проф. д-р Талевски.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира