БЕЛГИЈА ДОБИ ВЛАДА БЕЗ КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ПО СЕДУМ МЕСЕЦИ ПРЕГОВОРИ

    БЕЛГИЈА ДОБИ ВЛАДА БЕЗ КРАЈНАТА ДЕСНИЦА ПО СЕДУМ МЕСЕЦИ ПРЕГОВОРИБерт де Вевер ќе предводи коалиција на пет партии (Фото: ЕПА)

    Политички партии во Белгија договорија формирање влада по речиси осум месеци сложени разговори кои уследија по победата на националистичката партија Нова фламанска алијанса (Н-ВА) на изборите. Се очекува нејзиниот лидер Берт де Вевер да стане нов премиер и да предводи коалиција на пет партии, која вклучува и либерали, социјалисти и демохристијани од сите говорни подрачја на земјата.

    Разговорите за коалиција се развлекоа зашто партиите не можеа да постигнат договор за кратење на буџетот, покачување на даноците и за пензиските реформи. Тие конечно се договорија вчера по континуираните 32 часа разговори. Една од темите била и ограничувањето на бројот на азиланти.

    Крајнодесничарската партија Фламански интерес беше исклучена од разговорите, иако постигна најголем напредок на изборите во јуни, по кои стана втората најголема партија во Белгија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира