НАЈМАЛКУ 11 МРТВИ ВО ВЧЕРАШНОТО ПУКАЊЕ ВО ШКОЛО ВО ШВЕДСКА, НАПАЃАЧОТ БИЛ ОСАМЕНИК КОЈ НЕ САКАЛ ЛУЃЕ

    НАЈМАЛКУ 11 МРТВИ ВО ВЧЕРАШНОТО ПУКАЊЕ ВО ШКОЛО ВО ШВЕДСКА, НАПАЃАЧОТ БИЛ ОСАМЕНИК КОЈ НЕ САКАЛ ЛУЃЕПолицијата верува дека напаѓачот делувал сам, а мотивот останува непознат (Фото: АП)

    Полицијата објави дека 11 луѓе загинаа во вчерашното пукање во образовна установа во шведскиот град Еребро, меѓу кои е и напаѓачот. Премиерот Улф Кристерсон кажа дека нападот во школото за возрасни „Рисбергска“ е најлошото масовно пукање во историјата на Шведска.

    Полицијата верува дека напаѓачот делувал сам и иако мотивот останува непознат, таа ја исклучи можноста дека станува збор за нешто идеолошко. Напаѓачот немал полициско досие, ниту бил поврзан со банди.

    Бројот на жртвите би можел да расте зашто петмина од повредените се во сериозна состојба“, соопшти полицијата.

    Шведските медиуми откриваат детали за напаѓачот, за кого велат дека е 35-годишен маж. Весникот „Афтонбладет“ објави дека тој имал дозвола за оружје и си го променил презимето пред осум години откако се оддалечил од своето семејство.

    Тој беше осаменик кој се оддалечи од семејството и пријателите. Немавме многу контакт со него во изминатите години. Како дете беше различен, но добар ученик. Во последните години не работеше и му беше тешко. Имаше и ментални проблеми. Со никого не се дружеше, не сакаше луѓе, беше осаменик“, изјави еден роднина на напаѓачот.

    Пукањето се случи во образовен центар што главно го посетуваат лица кои немаат завршено основно или средно училиште. Полицијата кажа дека меѓу настраданите нема деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира