ПУТИН ЌЕ ЈА ОБНОВИ СТАРАТА СОВЕТСКА ВЕРЗИЈА НА ЕВРОВИЗИЈА

    ПУТИН ЌЕ ЈА ОБНОВИ СТАРАТА СОВЕТСКА ВЕРЗИЈА НА ЕВРОВИЗИЈАНа Русија ѝ е забрането да учествува на Евровизија од 2022 (Фото: Гети)

    Владимир Путин потпиша указ за создавање руска верзија на Евровизија, неколку години откако Русија беше исфрлена од популарното музичко натпреварување.

    Настанот ќе се вика Интервизија и првото издание ќе се одржи во регионот на Москва во текот на оваа година, објави државната новинска агенција ТАСС. Натпреварувањето ќе го надгледува самиот Кремљ, а вицепремиерот Дмитри Чернишенко е назначен за претседател на организацискиот комитет.

    Евровизија е позната по својата инклузивна и славеничка атмосфера, каде што ЛГБТ изведувачи и теми често доаѓаат до израз, што во Русија нема да биде можно поради тамошните закони. На Русија ѝ е забрането да учествува на Евровизија од 2022, кога изврши инвазија врз Украина.

    Музичко натпреварување со име Интервизија се одржувало во Советски Сојуз од 1965 до 1968 и потоа од 1977 до 1980 година. Во декември, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека повеќе од 25 држави пројавиле интерес да учествуваат на вакво натпреварување..

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира