ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ТИРАНА УАПСЕН ЗА КОРУПЦИЈА

    ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ТИРАНА УАПСЕН ЗА КОРУПЦИЈАКон крајот на декември, Специјалното обвинителство објави дека води истрага против Ерион Велиај

    Специјалното обвинителство за борба против организиран криминал и корупција денеска го уапси градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај. Тој попладнево беше спроведен во притвор, а домашен притвор е одреден за неговата сопруга, која моментално е надвор од Албанија. Приведени се уште петмина бизнисмени, кои наводно добивале сомнителни тендери од градот.

    Кон крајот на декември, Специјалното обвинителство објави дека води истрага против Велиај и неговото семејство за корупција, перење пари и криење имот.

    Утврдено е дека има конкретни докази дека членовите на блиското семејство и други роднини на градоначалникот на Тирана добивале незаконски бенефиции преку неколку фирми и поединци кои имаат директни интереси во општина Тирана“, кажа обвинителството.

    Велиај првпат бил испрашан во полиција на 28 декември, кога рекол дека е наместен од личност која не постои.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира