106 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИНАВА СЕ НАМЕНЕТИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА, КАЖА МИСАЈЛОВСКИ НА СОСТАНОКОТ НА НАТО ВО БРИСЕЛ

    106 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИНАВА СЕ НАМЕНЕТИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА АРМИЈАТА, КАЖА МИСАЈЛОВСКИ НА СОСТАНОКОТ НА НАТО ВО БРИСЕЛМинистерот за одбрана Владо Мисајловски му упати честитки на Пит Хегсет за преземањето на функцијата секретар за одбрана на САД. (Фото: Министерство за одбрана)

    Министерот за одбрана Владо Мисајловски кажа дека Македонија има намера континуирано да вложува 2 отсто од БДП во одбраната, а 32 отсто од одбранбениот буџет за 2025 година е наменет за модернизација и опремување на армијата, на состанокот на Северноатлантскиот совет на Алијансата во Брисел.

    „На состанокот министерот за одбрана се осврна на повеќе теми при што ја потврди намерата на нашата земја за континуирано вложување на 2 проценти од бруто-домашниот производ во одбраната што ја позиционираше нашата земја меѓу две третини од сојузничките земји кои ја имаат исполнето оваа заеднички донесена одлука во НАТО. Министерот даде полна поддршка и во зацврстувањето на концептот за одбрана и одвраќање на НАТО преку исполнувањето на дефинираните цели на способности и континуираното вложување во модернизација и опремување. Тој истакна дека за оваа намена се одвоени над 32 проценти од македонскиот одбранбен буџет за 2025 година или над 106 милиони евра. Додаде дека НАТО треба да продолжи да работи заедно со Европската Унија на развој на одбранбените капацитети и се осврна и на македонскиот придонес кон колективната одбрана на НАТО“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

    Оттаму додаваат дека Мисајловски му упати честитки на Пит Хегсет за преземањето на функцијата секретар за одбрана на САД.

    Министерот Мисајловски подоцна ќе учествува и на состанокот на Советот НАТО – Украина.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира