БУГАРИТЕ ВО УСТАВ Е САМО ПРВИОТ ЧЕКОР, БЕЗ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ НЕМА ЕУ, КАЖА БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ГЕОРГИЕВ НА СРЕДБАТА СО МУЦУНСКИ ВО МИНХЕН

    БУГАРИТЕ ВО УСТАВ Е САМО ПРВИОТ ЧЕКОР, БЕЗ ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ НЕМА ЕУ, КАЖА БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ГЕОРГИЕВ НА СРЕДБАТА СО МУЦУНСКИ ВО МИНХЕН

    Ставот на Бугарија за европската интеграција на Република Северна Македонија е јасен и конзистентен и вклучувањето на Бугарите во Уставот на Република Северна Македонија е само првиот чекор, чие спроведување ќе му овозможи на Скопје да ги започне преговорите за членство, кажа бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев на средбата со својот македонски колега Тимчо Муцунски.

    Добрососедските односи се хоризонтален критериум во процесот на евроинтеграциите и без нив не е возможно да се постигне членство во ЕУ. Градењето добрососедски односи бара доверба, отворен дијалог, предвидливост и исполнување на обврските“, кажа Георгиев.

    Тие разговараа на маргините на Минхенската безбедносна конференција и Муцунски изрази жалење што односите помеѓу двете земји остануваат оптоварени со билатерални спорови, кои станаа непринципиелна пречка на македонскиот евроинтегративен процес.

    Сите отворени прашања треба да се решаваат одговорно, преку дијалог и со заемна почит и разбирање, бидејќи добрососедските односи подразбираат и поддршка за европските интеграции“, кажа Муцунски.

    Тој го отвори и прашањето на почитување на правата и слободите на припадниците на македонското малцинство во Бугарија и ја нагласи потребата од спроведување на одлуките на Европскиот суд за човекови права.

    „Секој компромис треба да соодветствува со реалноста во која живееме и со европските вредности за кои Европската Унија постојано ни зборува“, изјави Муцунски за јавниот сервис МРТВ и додаде: „Кога Европа ни зборува за примена на европските вредности, соодветно е и ние да ги одбраниме позициите на Македонците во Бугарија“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира