УКРАИНА ПОГОДЕНА ОД ГОЛЕМ НАПАД СО РУСКИ БЕСПИЛОТНИ ЛЕТАЛА ДЕН ПРЕД ТРИГОДИШНИНАТА ОД ВОЈНАТА

    УКРАИНА ПОГОДЕНА ОД ГОЛЕМ НАПАД СО РУСКИ БЕСПИЛОТНИ ЛЕТАЛА ДЕН ПРЕД ТРИГОДИШНИНАТА ОД ВОЈНАТА„Ни треба силата на цела Европа, САД и секој што бара траен мир“, рече Зеленски по нападот. (Фото:

    Русија изврши голем напад со беспилотни летала низ Украина, ден пред тригодишнината од војната. Јуриј Игнат, портпарол на командата на воздухопловните сили на Украина, вели дека рекордни 267 руски беспилотни летала биле лансирани во еден, координиран напад.

    „Во пресрет на третата годишнина од целосната војна, Русија лансираше 267 нападни беспилотни летала против Украина – најголемиот напад откако иранските беспилотни летала почнаа да ги напаѓаат украинските градови и села. Севкупно, оваа недела беа лансирани речиси 1.150 нападни беспилотни летала, повеќе од 1.400 водени воздушни бомби и 35 проектили од различни типови“ рече во изјава украинскиот претседател Володимир Зеленски и додаде: „Ни треба силата на цела Европа, САД и секој што бара траен мир“.

    Уште не се знае колку луѓе загинале во нападот, но првичните податоци од службите за итни случаи сугерираат дека има најмалку три жртви. Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека 20 украински беспилотни летала лансирани во Русија биле уништени во текот на ноќта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира