АКО НЕ СЕ РЕШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, МОЖЕ ДА ИЗБИЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА, КАЖА ТРАМП НА СРЕДБАТА СО МАКРОН

    АКО НЕ СЕ РЕШИ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА, МОЖЕ ДА ИЗБИЕ ТРЕТА СВЕТСКА ВОЈНА, КАЖА ТРАМП НА СРЕДБАТА СО МАКРОНМакрон претходно кажа дека на средбата ќе го предупреди Трамп да не изгледа слабо пред Путин (Фото: Гети)

    Доналд Трамп одби да го нарече Владимир Путин диктатор откако денеска го прими францускиот претседател Емануел Макрон во Белата куќа. Тој претходно го опиша Володимир Зеленски како диктатор кој одбива да распише избори во Украина.

    Не ги користам тие зборови така лесно, ќе видиме како ќе излезе сето ова. Има големи шанси да се постигне многу добар договор помеѓу Русија и Украина. Ако оваа војна не се реши, би можела да избие трета светска војна“, кажа Трамп.

    Трамп додаде дека војната во Украина би можела да заврши наскоро.

    Тоа би можело да се случи за неколку недели, ако сме паметни. Ако не сме паметни, војната ќе продолжи, а тоа не го сакаме, зашто ова би можело да ескалира во трета светска војна“, повтори тој.

    Иако односите помеѓу двајцата лидери се вжештија во изминатиот период, Трамп кажа дека Володимир Зеленски наскоро би можел да дојде во Вашингтон за да го потпише договорот за ретки минерали.

    Тој би можел да дојде оваа или следната недела. Засега не знам кога ќе се сретнам со Владимир Путин. Тоа ќе се случи во еден момент“.

    Посетата на Макрон следува во време кога Америка најавува промени на својата политика кон Европа и Украина. Макрон претходно кажа дека на средбата ќе го предупреди Трамп да не изгледа слабо пред Путин.

    Ќе му кажам ‘тоа не сте вие, тоа не е ваш заштитен знак, не е во ваш интерес‘. Како можеш да бидеш кредибилен пред Кина ако си слаб пред Путин? Ќе се обидам да го убедам Трамп дека интересите на САД и Европа се усогласени и дека ако дозволи Русија да ја преземе Украина, тоа би било незапирливо. Затоа, за секој мировен договор мора да се преговара со Украинците и Европејците на маса“, рече Макрон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира