УКРАИНА МОЖЕ ДА ЗАБОРАВИ НА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, КАЖА ТРАМП

    УКРАИНА МОЖЕ ДА ЗАБОРАВИ НА ЧЛЕНСТВО ВО НАТО, КАЖА ТРАМПТрамп вели дека Европа е таа која треба да обезбеди вистински безбедносни гаранции за Украина, а не САД (Фото: Гети)

    Доналд Трамп изјави дека и Русија и Украина ќе мора да направат некакви отстапки за да се заврши нивната војна, при што беше дециден дека Киев може да заборави на членство во НАТО. Тој дури ја обвини западната воена алијанса за почеток на војната.

    Не сакам да зборам на какви отстапки мислам, но што се однесува до НАТО, Украина може да заборави на тоа. Тоа е веројатно причината поради која почна целата работа“, кажа Трамп.

    Запрашан дали ако Русија ги задржи окупираните територии, тоа би испратило опасна порака, Трамп одговори:

    Ќе направиме се што можеме за да го направиме најдобриот договор за двете страни, за да може Украина да добие назад што е можно повеќе. Сакаме да вратиме што е можно повеќе“.

    Тој утре ќе се сретне со Володимир Зеленски во Белата куќа за да го потпишат договорот за ретки минерали, кој засега не вклучува цврсти безбедносни гаранции за Украина, што беше нејзино клучно барање. Пред денешната средба со британскиот премиер Кир Стармер, Трамп нагласи дека Европа е таа која треба да обезбеди вистински гаранции за Украина.

    САД нема да даваат многу безбедносни гаранции. Европските држави мора да ги зголемат трошоците за одбраната и да обезбедат повеќе безбедносни гаранции за Украина“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира