АВСТРИЈА ДОБИ НОВА ВЛАДА БЕЗ КРАЈНАТА ДЕСНИЦА

    АВСТРИЈА ДОБИ НОВА ВЛАДА БЕЗ КРАЈНАТА ДЕСНИЦАНов канцелар ќе биде лидерот на ОВП, Кристијан Штокер (Фото: АП)

    Три центристички партии во парламентот постигнаа договор за формирање коалициска влада во Австрија без учество на крајната десница, која победи на изборите одржани пред пет месеци.

    Со договорот се става крај на најдолгиот процес на формирање влада по Втората светска војна. Првиот обид што го направија истите три партии пропадна во јануари, по што шанса да формира влада доби Партијата на слободата (ФПО), но и таа не успеа.

    Новата влада ќе ја сочинуваат конзервативната Народна партија (ОВП), која и досега беше на власт, Социјалдемократите и либералната партија Неос, која првпат ќе биде дел од влада. Ова ќе биде првата трипартиска влада во Австрија од крајот на 1940-тите и лидерот на ФПО, Херберт Кикл, ја опиша како „коалиција на губитници“. Тој повика да се одржат нови избори, откако анкетите покажаа дека крајната десница сега би освоила уште повеќе гласови.

    Според најавите, нов канцелар ќе биде лидерот на ОВП, Кристијан Штокер.

    „Ова беа можеби најтешките преговори за формирање влада во историјата на Австрија. Земјата минува низ тежок период и нашите предлози треба да обезбедат одговори на сегашните проблеми“, изјави Штокер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира