АЛБАНИЈА ДЕНОВИВЕ ЌЕ ГО ЗАБРАНИ ТИКТОК НА ЕДНА ГОДИНА

    АЛБАНИЈА ДЕНОВИВЕ ЌЕ ГО ЗАБРАНИ ТИКТОК НА ЕДНА ГОДИНАОдлуката за блокирање на апликацијата беше донесена по консултација со 65.000 родители и наставници.  (Фото: Гети)

    Наредните денови Албанија ќе го блокира ТикТок поради загриженоста за безбедноста на децата, изјавија за „Политико“ од кабинетот на премиерот Еди Рама. На крајот на декември, Рама ја најави едногодишната забрана, откако во ноември, 14-годишно момче беше убиено од друг ученик по расправија што ја имале на социјалните мрежи. На ТикТок притоа се појавија видеа во кои малолетници го бранат убиството.

    „Ние кажуваме што правиме и го правиме она што го кажуваме“, објави Рама на Икс, потврдувајќи дека забраната сега ќе стапи во сила.

    Одлуката за блокирање на апликацијата беше донесена по консултација со 65.000 родители и наставници. Според опозицијата, забраната е „злоупотреба на моќта за сузбивање на слободата на говорот во Албанија“.

    Уште во декември, Рама рече дека на владата ќе ѝ требаат шест до осум недели за да ја спроведе забраната.

    „Во меѓувреме, владата имаше многу позитивен дијалог со компанијата, која ќе дојде во Албанија за да демонстрира низа мерки за безбедност на децата, вклучително и во Албанија“, рече премиерот.

    Неколку европски земји, како Франција, Германија и Белгија, воведоа ограничувања во користењето на социјалните мрежи за деца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира