РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА СЕКОЈ ДОГОВОР ЗА ПРИМИРЈЕ ТРЕБА ДА БИДЕ СПОРЕД РУСКИ, А НЕ АМЕРИКАНСКИ УСЛОВИ

    РУСИЈА ВЕЛИ ДЕКА СЕКОЈ ДОГОВОР ЗА ПРИМИРЈЕ ТРЕБА ДА БИДЕ СПОРЕД РУСКИ, А НЕ АМЕРИКАНСКИ УСЛОВИДржавниот секретар на САД Марко Рубио изјави дека топката сега е во дворот на Русија (Фото: АП)

    Влијателниот руски пратеник Константин Косачев го коментираше предлогот за примирје договорен на средбата САД-Украина во Саудиска Арабија и кажа дека секој договор треба да биде според руски, а не според американски услови.

    Русија напредува во Украина и затоа ќе биде поинаку со Русија. И покрај тоа што сфаќаме дека има потреба од компромиси. Секој договор мора да биде според наши, а не според американски услови. Треба да се разбере дека сите вистински договори се прават таму, на фронтот“, изјави Косачев, кој претседава со Комитетот за меѓународни работи на Советот на федерацијата.

    На вчерашните осумчасовни разговори во Џеда, САД се согласија да продолжат да ѝ даваат воена помош и разузнавачки информации на Украина откако таа прифати 30-дневно примирје со Русија. Државниот секретар на САД Марко Рубио изјави дека ќе го понуди предлогот на Русија, додавајќи дека топката сега е во нејзиниот двор.

    Се надеваме дека Русите ќе одговорат потврдно најбрзо што може, за да можеме да преминеме на втората фаза, а тоа се вистинските преговори“, кажа Рубио.

    Володимир Зеленски, кој не учествуваше во разговорите во Џеда, изјави дека примирјето е позитивен предлог кој го покрива целиот фронт, не само борбите во воздух и на море.

    Примирјето ќе стапи на сила веднаш откако Русија ќе го прифати“, додаде Зеленски.

    Рубио кажа дека планот ќе ѝ биде испорачан на Русија преку повеќе канали. Специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, планира да се сретне со Путин во Москва оваа недела, а американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц ќе се сретне со својот руски колега во следните денови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира