НА ПРВИТЕ РЕЧЕНИЦИ ОД СВЕДОЧЕЊЕТО НА МАНЕВ ЗА НАЧИНОТ НА ГРАБНУВАЊЕ НА ВАЊА, НА ТАТКОТО ЃОРЧЕВСКИ МУ СЕ СЛОШИ, СУДИЈАТА ДАДЕ ПАУЗА

    НА ПРВИТЕ РЕЧЕНИЦИ ОД СВЕДОЧЕЊЕТО НА МАНЕВ ЗА НАЧИНОТ НА ГРАБНУВАЊЕ НА ВАЊА, НА ТАТКОТО ЃОРЧЕВСКИ МУ СЕ СЛОШИ, СУДИЈАТА ДАДЕ ПАУЗАТаткото на Вања, Александар Ѓорчевска, во судница во Основниот кривичен суд Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Ден пред да биде грабната 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, која според обвинетите и обвинението Љупчо Палевски за многу брзо време ја убил, во канцеларијата на партијата Десна тој на сообвинетите им објаснувал за зградата во која им кажал дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на газда на веледрогерија, а не дете.

    Така тврди обвинетиот Велибор Манев кој денеска сведочи и во детали признава буквално сè.

    „Јас бев под скалите, Боре чекаше со селотејп. Кога се симнуваше лицето, а Боре ја грабна, ѝ ја залепи истата, ја повлековме под скалите. Особата излезе од лифтот, по што се спушти по скалите“, сведочеше Манев.

    Понатаму продолжи:

    „По сликите, особата беше идентична со таа што ни ја кажуваше Палчо. Ја врзавме, ја ставивме во вреќата. На Влатко му беше јавено да го донесе ‘ситроенот’. Да го отвори гепекот за да ја ставиме особата внатре”, сведочеше Манев.

    Сведокот се стресе, побара вода. Таткото на Вања, обвинетиот Александар Ѓорчевски почна да плаче, му се слоши, по што судијата даде пауза.

    Обвинети за киднапирањата и убиствата на Панче Жежовски и Вања Ѓорчевска се Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира