Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ноќеска загинаа најмалку 59 луѓе и тоа е една од најголемите трагедии од ваков вид во Европа досега. Ова се некои од најсмртоносните пожари во ноќни клубови и концертни сали во изминатите децении.
Април 2024: Во пожарот во ноќниот клуб „Маскерада“ во Истанбул загинаа 29 луѓе.
Октомври 2023: Тринаесет луѓе загинаа во пожарот кој почна во ноќен клуб во шпанскиот клуб Мурсија, по што се прошири на два други клуба.
Декември 2016: Триесет и шест луѓе починаа во пожарот во Оукленд, Калифорнија, што избувна во складиште претворено во простор за уметнички настани.
Октомври 2015: Во пожарот предизвикан од пиротехника на рок концерт во ноќен клуб во Букурешт загинаа 64 луѓе, а 190 беа повредени.
Јануари 2013: Повеќе од 200 луѓе загинаа во пожарот во ноќниот клуб „Кис“ во бразилскиот град Санта Марија.
Декември 2009: 152 луѓе загинаа откако се запали ноќен клуб во рускиот град Перм.

Во пожарот предизвикан од пиротехника на рок концерт во ноќен клуб во Букурешт загинаа 64 луѓе (Фото: АП)
Јануари 2009: 67 луѓе загинаа во ноќен клуб во Бангкок откако внатрешен огномет предизвика пожар.
Декември 2004: Пожар во ноќен клуб во Буенос Аирес усмрти 194 луѓе. Газдата на клубот беше осуден на 20 години затвор.
Февруари 2003: 100 луѓе загинаа, а 200 беа повредени откако беше запален огномет на хеви метал концерт во Вест Ворвик, САД.

36 луѓе починаа во пожарот во Оукленд, Калифорнија, што избувна во складиште претворено во простор за уметнички настани (Фото: АП)
Октомври 1998: Намерно запален оган во преполн ноќен клуб во Гетеборг доведе до смрт на 63 луѓе, а околу 200 беа повредени.
Март 1990: 87 луѓе загинаа откако беше предизвикан пожар во ноќен клуб во Бронкс, Њујорк.
Декември 1983: Во пожарот во сала за танцување во Мадрид загинаа 78 луѓе.