ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЕМ ВО ЗАГУБИ, ЕМ ЌЕ ВРАБОТУВААТ, ОБВИНИ ОПОЗИЦИЈАТА ВО БИТОЛСКИОТ СОВЕТ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЕМ ВО ЗАГУБИ, ЕМ ЌЕ ВРАБОТУВААТ, ОБВИНИ ОПОЗИЦИЈАТА ВО БИТОЛСКИОТ СОВЕТ

    Од каде јавните претпријатија ќе најдат пари за нови вработени кога дел се на работ на рентабилноста, а дел се во загуба, беше едно од прашањата што се постави на денешната тричасовна жолчна расправа во битолскиот Совет за 67 нови вработувања во јавните претпријатија во Општина Битола.

    „Ги разгледавме финансиските извештаи на јавните претпријатија, половина се на работ на рентабилноста или работат со загуби, па како сега ќе издвојат средства да вработат три пати повеќе од луѓето што ќе им заминат во пензија? Нискоградба треба да вработи 31 лица, а девет им заминуваат во пензија. Во извештаите пишува дека за годинава ќе ги плаќаат осум месеци значи планираат во април или во мај да ги вработат, а тоа се поклопува со предизборието“, изјави Зоран Стојчевски, советник од СДСМ.

    Горан Козаров, советник од СДСМ изјави дека не се против вработувања, но не по партиски клуч.   

    „Зошто не ги вработивте на почетокот или средината од мандатот туку на крај , за да изигрувате херои, а најблиските ги вработивте први“ изјави Козаров.

    Елена Трајчевска од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека „финансиските средства претпријатијата веќе ги испланирале и не се работи за вработувања пред избори за купување на гласачи туку за вработувања во  текот на целата година.“

    Нејзината колешка Соња Трпезанова по прoфесија лекар специјалист истакна дека мора на време да се планираат работните места за да не дојде до недостаток на кадар како во болницата.  

    „Знаете ли со каков проблем се соочува болницата со тоа што се пензионираа голем број болничари, сестри, доктори? Се испразнија работни места. Не може еден куп одделенија да функционираат зашто имаме недостаток на болничари, чистачи доктори“, рече Трпезанова.

    Директорите на јавните претпријатија не присуствуваа на расправата.  (Ж.З.)

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира