ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ КОЈ ПУКАШЕ ВО СОЦИЈАЛНА РАБОТНИЧКА ПОБЕГНАЛ ПРИ ТРАНСПОРТОТ ОД ДЕМИРХИСАРСКАТА ПСИХИЈАТРИЈА ДО СУДОТ ВО ПРИЛЕП, В ПОЛИЦИЈА Е ПОВИКАН И ДИРЕКТОРОТ НА БОЛНИЦАТА

    ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ КОЈ ПУКАШЕ ВО СОЦИЈАЛНА РАБОТНИЧКА ПОБЕГНАЛ ПРИ ТРАНСПОРТОТ ОД ДЕМИРХИСАРСКАТА ПСИХИЈАТРИЈА ДО СУДОТ ВО ПРИЛЕП, В ПОЛИЦИЈА Е ПОВИКАН И ДИРЕКТОРОТ НА БОЛНИЦАТАБегство од Психијатриската болница во Демир Хисар било пријавено на 21 март во 20.30 часот, односно четири дена пред да го изврши обидот за убиство. (Фото: СДК.МК)

    50-годишниот прилепчанец А. Ј. кој вечера со пиштол ја застрелал 36-годишната социјална работничка од Центарот за социјални работи во Прилеп, успеал да избега при транспортот од демирхисарската Психијатриска болница до прилепскиот Основен суд. Тој во болницата бил на задолжително лекување откако претходно бил осуден на година и три месеци, а против него се води уште еден судски процес. Уапсен е по нападот со пиштол врз социјалната работничка, а во рамки на истрагата на разговор в полиција е повикан и директорот на Психијатриската болница од Демир Хисар.

    Според СВР Битла, неговото бегство од Психијатриската болница во Демир Хисар било пријавено на 21 март во 20.30 часот, односно четири дена пред да го изврши обидот за убиство.

    „Полициски службеници од ОВР Демир Хисар во текот на вчерашниот ден извршија проверки во Психијатриската болница Демир Хисар и на разговор биле повикани повеќе лица. Исто така, се вршат проверки како А. Ј. успеал да избега при транспортот од психијатриската болница до Основен суд Прилеп и на кој начин дошол до оружјето“, соопшти СВР Битола.

    На 24 март, полицајци го уапсиле А. Ј. откако претходно во просториите на Центар за социјални работи Прилеп пукал кон вработената и ја повредил. Таа има прострелна рана во стомакот и сè уште е на интензивна нега во Прилепската болница, но е во стабилна сосотојба.

    Тој пукал низ ходникот, канцелариите, им се заканувал на вработените, а на нишан го држал и директорот на болницата. Повредената вработена била дел од тимот кој работел на предмет за семејно насилство и бракоразводна парница на осомничениот. Но, откако почнал да ја демне и да ѝ се заканува, таа била повлечена од тој предмет.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира