ДВАЈЦА БЕЛГИЈЦИ ФАТЕНИ ВО ШВЕРЦ НА ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН ПОЛА МИЛИОН ЕВРА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ

    ДВАЈЦА БЕЛГИЈЦИ ФАТЕНИ ВО ШВЕРЦ НА ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН ПОЛА МИЛИОН ЕВРА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОММаж и жена од Антверпен непријавено пренеле вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра. (Фото: СДК.МК)

    Двајца белгиски државјани се осомничени за шверцување златен накит вреден пола милион евра при влез во Македонија на скопскиот аеродром, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка, а осомничени се дека како соизвршители сториле кривично дело – Криумчарење согласно член 278 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    „Осомничените, маж и жена од Антверпен, на 6 април пристигнале во земјава со лет од Виена, па избегнувајќи ја царинската контрола на аеродромот, пренеле непријавени стоки – вкупно 209 парчиња златен накит со тежина од 1.711,1 грама и во вкупна вредност од 479.555 евра. Откако ја поминале пасошката контрола на аеродромот во Скопје, осомничените поминале на зелениот канал, каде што поминуваат патници кои немаат стока за пријавување, а второосомничениот при селекција од страна на царинскиот службеник бил упатен на преглед на личниот багаж на скенер, каде било забележано дека двата куфери се наполнети со празни кутии за накит и други непријавени предмети. Тој појаснил дека патува со неговата сопруга која е првоосомничена и дека таа ја поминала пасошката контрола. Нешто подоцна осомничената се вратила и при дополнителен царински преглед, во личниот багаж – ранецот кој го носела била пронајдена непријавената стока – златен накит, која и била одземена“, вели Обвинителството.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата странски државјани осомничени за криумчарење на стока која е во вредност од големи размери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира