До крајот на мај, 41 ромско семејство од социјално загрозени категории ќе се вселат во новите типски куќи, кои се во завршна фаза на изграба, во штипската ромска населба.
„Свој нов дом ќе имаат и ромските семејства кои сега живеат во стари и дотраени објекти во населбата 8 Ноември. Тие ја попречуваат изградбата на новиот главен булевар кој ќе ги поврзува населбите Баби и Сењак 4 со централното градско подрачје“, рече градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, на денешното одбележување на 8 април, Меѓународниот ден на Ромите.
Во чест на денот, десетмина млади Роми од општината добија ваучери од по 3.000 денари. Наградени се петмина најдобри ученици во основното образование, четворица најдобри средношколци и еден студент.
Т. ЈОВАНОВСКИ