СО НАЛЕПНИЦИ „СТОП ЗА ДЕПОНИЈА“ БИТОЛЧАНИ КОИ ПРОТЕСТИРАА ВЛЕГОА ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА

    СО НАЛЕПНИЦИ „СТОП ЗА ДЕПОНИЈА“ БИТОЛЧАНИ КОИ ПРОТЕСТИРАА ВЛЕГОА ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТАЗнаците „Стоп за депопонија“ ги држеа подигнати во рацете додека траеше дискусијата на советниците за работата на јавните претпријатија. (Фото: СДК.МК)

    Со налепници слични на сообраќајните знаци на кои пишува „Стоп за депопонија“, претставници на битолчани кои протестираат против изградба на регионална депонија во Оп[тина Новаци денес влегоа на седница на општинскиот Совет. Тие ги држеа знаците подигнати во рацете додека траеше дискусијата на советниците за работата на јавните претпријатија. Додека нивната делегација беше внатре, другите демонстранти  протестираа пред општинската зграда.

    „Во никој случај централната власт не смее да одлучува за нас, а локалната да престане да глуми дека ова не е во нејзина надлежност“, рече Весна Кочанковска, обраќајќи се пред присутните на протестот.

    „Нека ја изградат депонијата во Криволак, таму никој не вежба сега. Регионална депонија нека има, но да биде дислоцирана надвор од населено место и плодно земјиште. Имаме и адвокати и ќе организираме референдум за пелагониските општини кои сме најзагрозени. Заедно со Битола се и од Новаци и Могила. Ако сакаат да направат еколошки проекти нека го направат домот Копанки, нека го заживеат Детското одморалиште на Пелистер“, рече Зоран Лазаревски-Паљо, дел од битолчаните кои протестираа.

    На денешната седница на Советот во Битола не помина предлогот на советникот од Левица Горан Велевски на дневен ред да се постави точка за поништување на одлуката за меѓуопштинска соработка меѓу 18 Oпштини за формирање јавно претпријатие за регионално управување со отпадот, донесена на 50 седница од 28 февруари 2025. „За“ ваквиот предлог гласаа само пет советници од Левица и Поинаку, ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата беа „против“, а СДСМ и коалиционите партнери „воздржани“.

    Според проектот, депонијата треба да се изгради на територијата на Општина Новаци каде смет ќе депонијата 18 општини од Пелагонискиот и Југозападниот Регион.

    Протестите од следната недела ќе се одржуваат в среда пред споменикот на Филип Втори во Битола.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира