УКРАИНА ОБЈАВИ ДЕКА РУСИЈА ПОЧНАЛА НОВА ОФАНЗИВА НА СЕВЕРОИСТОКОТ НА ЗЕМЈАТА

    УКРАИНА ОБЈАВИ ДЕКА РУСИЈА ПОЧНАЛА НОВА ОФАНЗИВА НА СЕВЕРОИСТОКОТ НА ЗЕМЈАТАОлександр Сирски кажа дека неколку дена се бележи удвојување на бројот на непријателски напади (Фото: Гети)

    Шефот на украинската војска Олександр Сирски изјави дека Русија почнала нова офанзива на североистокот на Украина, додавајќи дека веќе се бележи зголемен број напади. Володимир Зеленски неодамна предупреди дека Русија планира офанзива во регионите Суми и Харкив.

    „Можам да кажам дека претседателот е апсолутно во право и дека оваа офанзива е веќе почната. Неколку дена, можеби цела недела, бележиме удвојување на бројот на непријателски напади во сите главни насоки на фронтот“, кажа Сирски.

    По големата руска противофанзива во изминатите месеци, украинските сили сега држат само мал дел од рускиот регион Курск, кој граничи со Суми. Украинската војска изненадувачки упадна во Курск во август со цел да ги попречи руските планови за офанзива во Суми.

    Украински функционери и експерти подолго време предупредуваа дека Русија би можела да лансира нова офанзива во двата североисточни региона за да ја зајакне својата позиција во можни идни преговори. Владимир Путин неодамна го одби предлогот на САД за целосно примирје во Украина и продолжи со офанзивните активности и ракетирањата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира