ПЕТЧЛЕНО ШПАНСКО СЕМЕЈСТВО МЕЃУ ШЕСТЕМИНА ЗАГИНАТИ ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР ВО РЕКАТА ХАДСОН ВО ЊУЈОРК

    ПЕТЧЛЕНО ШПАНСКО СЕМЕЈСТВО МЕЃУ ШЕСТЕМИНА ЗАГИНАТИ ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР ВО РЕКАТА ХАДСОН ВО ЊУЈОРКЕден очевидец изјави дека видел како хеликоптерот се распаѓа во воздух (Фото: АП)

    Шестмина луѓе, од кои три деца, загинаа во пад на хеликоптер во реката Хадсон во Њујорк. Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс објави дека хеликоптерот превезувал петчлено шпанско семејство кое било во туристичка обиколка, додека шестиот загинат е пилотот.

    Иако полицијата не ги кажа имињата на загинатите шпански туристи, американските медиуми објавија дека станува збор за извршниот директор на шпанската подружница на „Сименс“ Агустин Ескобар, неговата сопруга и нивните три деца.

    Хеликоптерот полетал од полигон во центарот на Њујорк и паднал по само 18 минути лет.

    На видеоснимка од несреќата се гледа како хеликоптерот паѓа од небото наопаку и потоа се распрснува во реката Хадсон. Еден очевидец изјави дека видел како хеликоптерот се распаѓа во воздух, при што се откинале опашката и пропелерот. Шефот на њујоршките пожарникари Роберт Такер изјави дека спасувачите веднаш биле испратени на местото на падот.

    Сите жртви на несреќата се извлечени од реката, при што двајца патници починале во болница“, кажа градоначалникот Адамс.

    Во изминатите години имаше повеќе несреќи на небото над Менхетн, кое редовно е исполнето со авиони и хеликоптери, вклучувајќи приватни и туристички летала.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира