КОСОВСКИОТ ПРЕМИЕР КУРТИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

    КОСОВСКИОТ ПРЕМИЕР КУРТИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКАКурти поднесе оставка два месеца откако неговата партија Самоопределување победи на парламентарните избори (Фото: СДК.МК)

    Албин Курти денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Косово, непосредно пред да положи заклетва како пратеник во парламентот. Тој поднесе оставка заедно со сите министри во неговата влада, што ја водеше од 2021 година.

    Од 23 март, кога истече полниот четиригодишен мандат на нашата влада, таа функционираше како техничка или во оставка. Заради полагање заклетва за пратеник во деветтиот состав на парламентот на Косово, со ова и официјално ја доставувам мојата оставка“, стои во писмото што Курти го испрати до спикерот на парламентот.

    Курти поднесе оставка два месеца откако неговата партија Самоопределување победи на парламентарните избори, на кои освои 42% гласови, што беше значаен пад во однос на изборите во 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира