ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА, ОСУМ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ КИЧЕВО-ГОСТИВАР

    ТРИ ЛИЦА ЗАГИНАА, ОСУМ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ КИЧЕВО-ГОСТИВАРВо несреќата меѓу Кичево и селото Трапчин Дол учествувале три возила. (Фото: Архивска фотографија)

    Три лица загинаа, а осум се повредени во тешка сообраќајна несреќа што синоќа околу 21 часот се случи на патот Кичево-Гостивар. Во несреќата меѓу Кичево и селото Трапчин Дол учествувале три возила, а сообраќајот на патот беше во прекин до полноќ.

    Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево заедно со увидни екипи од МВР изврши увид на самото место.

    „Со цел утврдување на причините за несреќата подигнати се траги од самото место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и за испитување на евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените“, велат од Обвинителството.

    По насоки на јавниот обвинител продолжуваат да се преземаат и други дејствија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира