ПОДЕЛЕНИ ИЛЈАДА БЕСПЛАТНИ РУЧЕЦИ НА ВЕЛИГДЕН ВО ВЕЛЕС

    ПОДЕЛЕНИ ИЛЈАДА БЕСПЛАТНИ РУЧЕЦИ НА ВЕЛИГДЕН ВО ВЕЛЕСПразничниот ручек го обезбедија гостилницата „Боем“, заедно со здружението „Нула гладни во Велес“ и донации од граѓани и фирми. (Фото: СДК.МК)

    Илјада оброци, празнично и хуманитарно, беа поделени во Велес, денес понеделник.. Поводот е Велигден, а празничниот ручек го обезбедија гостилницата „Боем“, заедно со здружението „Нула гладни во Велес“ и донации од граѓани и фирми. Годинава е шеста по ред како се одржува оваа акција..

    „Ова е најголема годинашна акција од сите кои се организираат во текот на годината. Илјада оброци се за социјално загрозени лица од било која вера и категорија на граѓани. За секој верски празник секој еден заслужува топол свечен оброк“, соопштија организаторите.

    Таа се одржа со помош на младите волонтери од Општинската организација на Црвениот крст од Велес. На понудата имаше две менија па секој можеше да избира, ручек со салата, лепче и сок. Вакви хуманитарни настани, со поделба на бесплатен ручек, гостилницата организира и за Божик, Чист понеделник и за Св. Никола.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира