ПАПАТА ФРАЊО ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН НА 26 АПРИЛ, ДОАЃААТ ТРАМП, МАКРОН, ЗЕЛЕНСКИ…

    ПАПАТА ФРАЊО ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН НА 26 АПРИЛ, ДОАЃААТ ТРАМП, МАКРОН, ЗЕЛЕНСКИ…Телото на папата е изложено во неговата приватна капела во Ватикан (Фото: АП)

    Ватикан објави дека погребот на папата Фрањо ќе се одржи в сабота (26 април) од 10 часот. Последното почивалиште на Фрањо, според неговата желба, ќе биде базиликата „Голема Богородица“ во Рим, со што тој ќе биде првиот папа во последните 300 години кој не бил погребан во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.

    Во својот последен тестамент, Фрањо исто така побарал да биде погребан во обичен дрвен ковчег, без особени декорации.

    Телото на покојниот папа ќе биде изложено во базиликата „Свети Петар“ од утре од девет часот, за да може јавноста да му оддаде почит.

    Се очекува десетици светски лидери и верски водачи да присуствуваат на погребот. Тоа досега го потврдија Доналд Трамп, Емануел Макрон, Володимир Зеленски, аргентинскиот претседател Хавиер Милеј…

    Роден како Хорхе Марио Бергољо во 1936, тој стана поглавар на Римокатоличката црква во 2013, прв по потекло од Јужна Америка. Ја наследи црквата во неред и работеше напорно за да ја промени централната администрација на Ватикан и да ја искорени корупцијата и потоа се соочи со злото на злоставување деца во редовите на свештенството. Често се судираше со конзервативците, кои го сметаа за премногу либерален и отворен кон малцинските групи, како што е ЛГБТ заедницата.

    Изборот на новиот папа вообичаено се одржува 15 до 20 дена по смртта на претходникот, што значи дека не би требало да почне пред 6 мај. 135 кардинали од целиот свет, од кои 110 беа назначени од Фрањо, имаат право да учествуваат во тајното гласање, кое знае да трае со денови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира