16-ГОДИШЕН МОТОРЏИЈА БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА И КАЦИГА ЗАГИНА ПО СУДАР СО 14-ГОДИШНИК НА ТРОТИНЕТ ВО СКОПСКИ ЧАИР

    16-ГОДИШЕН МОТОРЏИЈА БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА И КАЦИГА ЗАГИНА ПО СУДАР СО 14-ГОДИШНИК НА ТРОТИНЕТ ВО СКОПСКИ ЧАИРНесреќата се случи ноќеска на улицата Цветан Димов во Скопје. (Фото: Архива на СДК.МК)

    Рано утринава, во близина на трговскиот центар Чаирчанка во Скопје, во судир со 14-годишник на електричен тротинет загина 16-годишно момче кое возело мотор без возачка дозвола и без заштитна кацига, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.

    „На 27.04.2025 во 02.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.Цветан Димов во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл ‘пиаџо беверли’ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје. Од здобиените повреди на местото починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, 14-годишникот се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники ‘Мајка Тереза4“, соопшти МВР.

    Според првичните сознанија по увидот, 16-годишникот управувал и со брзина поголема од дозволената. На критичната локација, не успеал да избегне електричен тротинет со кој по коловозот управувал 14-годишникот.

    „Со цел точно утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издаде повеќе наредби и насоки. Се обезбедуваат и се прегледуваат снимки од видеонадзорот на конкретната локација. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а и кај малолетникот кој управувал со тротинетот ќе бидат извршени анализи за евентуално присуство на алкохол или други недозволени супстанции“, велат од ОЈО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира