УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СНЕМА СТРУЈА ВО ШПАНИЈА И ПОРТУГАЛИЈА, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ НЕ Е ХАКЕРСКИ НАПАД

    УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СНЕМА СТРУЈА ВО ШПАНИЈА И ПОРТУГАЛИЈА, ВЛАСТИТЕ ВЕЛАТ НЕ Е ХАКЕРСКИ НАПАДЦелиот железнички сообраќај во двете земји е во прекин и шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте изјави дека нема да се нормализира денеска (Фото: АП)

    Огромен прекин во електроснабдувањето погоди големи делови од Шпанија и Португалија денеска, што го парализираше сообраќајот, приземји авиони, ги прекина телефонските услуги, зароби луѓе во лифтови и ги остави електроенергетските оператори во проблеми да ја вратат струјата во милиони домови и деловни објекти.

    Некои болници ја прекинаа рутинската работа, а владите на двете земји свикаа итни состаноци, при што официјални лица првично изјавија дека не може да се исклучи хакерски напад. Прекините од вакви размери се исклучително ретки во Европа, а причината не може веднаш да се утврди.

    Причината за прекинот и натаму не е позната и апелирам да не се шпекулира. Во овој момент не може да се исклучи ниедна причина. Струјата се врати во некои делови на југот и северот на земјата благодарение на помошта од Франција и Мароко“, кажа шпанскиот премиер Педро Санчес и ги повика граѓаните одговорно да ги користат телефоните.

    Струјата постепено почна да се враќа во регионите на Баскија и Барселона неколку часа откако настана прекинот, но засега е нејасно кога напојувањето ќе биде нашироко обновено, за што веројатно ќе бидат потребни часови.

    Португалија кажа дека прекинот е предизвикан од проблем во шпанската електрична мрежа, што е поврзано со „редок атмосферски феномен“. Шпанија досега не го коментираше ова.

    Поради сложеноста на феноменот и потребата од ребалансирање на протокот на електрична енергија на меѓународно ниво, се проценува дека целосното нормализирање на мрежата може да трае и до една недела“, кажа португалскиот оператор за електрична енергија „РЕН“.

    И Португалија и Европскиот совет кажаа дека нема назнаки дека станува збор за кибернетички напад.

    Целиот железнички сообраќај во двете земји е во прекин и шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте изјави дека возовите на средни и долги дистанци нема ни да тргнат денеска.

    Авиосообраќајот се одвива со капацитет од 80%“, додаде тој.

    Банката на Шпанија соопшти дека електронското банкарство функционира соодветно на резервните системи, иако граѓаните пријавија дека екраните на банкоматите се празни. Градоначалникот на Мадрид, Хосе Луис Мартинес-Алмеида, ги повика граѓаните да ги намалат патувањата и да останат таму каде што се.

    Важно е итните служби да можат да циркулираат“, кажа тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира