ПОТПИСИТЕ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ, ВЛАДА ЌЕ ИМА ЗА 10-15 ДЕНА, ПОРАЧА ЗАЕВ ОД САРАЕВО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПОТПИСИТЕ СЕ ОБЕЗБЕДЕНИ, ВЛАДА ЌЕ ИМА ЗА 10-15 ДЕНА, ПОРАЧА ЗАЕВ ОД САРАЕВО

    Лидерот на СДСМ Зоран Заев кажа дека ги има обезбедено потребните потписи за да го добие мандатот од претседателот Ѓорге Иванов и е убеден дека за 10-15 дена Македонија ќе добие нова влада, предводена од неговата партија. Заев го кажа ова на заедничката прес-конференцијата во Сараево со претседателот на Социјалдемократската партија на БиХ Нермин Никшиќ.

    „Синоќа, раководството на ДУИ донесе одлука да ги даде потписите, бидејќи како второрангирана партија на изборите бевме условени од претседателот да ги обезбедиме потписите пред да ни го даде мандатот. Сега веќе се обезбедени потписите за добивање на мандатот и верувам дека остануваат мал дел од преговорите за формирањето нова влада. Останува да седнеме со другите партии да се договирме за ресорите и за кадрите и верувам дека за 10-15 дена Македонија ќе има нова влада предводена од СДСМ“, изјави Заев.

    Лидерот на СДСМ е во Сараево да прими награда за најдобар градоначалник во Југоисточна Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира