БИЗНИСМЕНОТ ТОМИЦА ГЛАВЧЕВ ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА

    БИЗНИСМЕНОТ ТОМИЦА ГЛАВЧЕВ ИЗБРАН ЗА НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈАГлавчев претходно доби поддршка и од самиот Антиќ (Фото: КФСМ)

    Бизнисменот Томица Главчев е избран за нов претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македоонија на денешното вонредно собрание, што се одржа во Скопје. Клубовите претходно едногласно го разрешија Перо Антиќ, кој ја водеше македонската кошарка во изминатите шест години и замина на половина од вториот мандат.

    Главчев беше единствениот кандидат за претседателската функција и претходно доби поддршка и од самиот Антиќ. Тој е бизнисмен од Гевгелија и долги години вложува во македонската кошарка.

    На собранието учествуваа 39 клубови и Главчев доби поддршка од сите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира