ИЗРАЕЛ СЕ БОРИ СО ПОЖАРИ КОИ ГО ЗАГРОЗУВААТ ЕРУСАЛИМ, ИТАЛИЈА И ХРВАТСКА ИСПРАТИЈА АВИОНИ ЗА ГАСНЕЊЕ

    ИЗРАЕЛ СЕ БОРИ СО ПОЖАРИ КОИ ГО ЗАГРОЗУВААТ ЕРУСАЛИМ, ИТАЛИЈА И ХРВАТСКА ИСПРАТИЈА АВИОНИ ЗА ГАСНЕЊЕТри населени места близу Ерусалим се евакуирани, а најмалку 13 луѓе се повредени

    Израел побара меѓународна помош за гаснење пожари откако огновите стигнаа до периферијата на Ерусалим, што доведе до евакуација на населени места и до затворање на клучен автопат.

    ТВ-снимки покажаа како гори долж автопатот Ерусалим-Тел Авив, додека луѓе ги напуштаат своите автомобили и бегаат. Премиерот Бенјамин Нетанјаху кажа дека Италија и Хрватска ќе испратат противпожарни авиони, а помош е побарана и од Грција, Кипар и Бугарија.

    Ветровите лесно можат да го насочат огнот кон самиот Ерусалим. Ова е сега национална вонредна состојба, не само локална. Приоритет во моментов е да се одбрани Ерусалим“, изјави Нетанјаху.

    Три населени места близу Ерусалим се евакуирани, а најмалку 13 луѓе се повредени, објавија итните служби. Засега нема информации дека има загинати.

    Пожарот избувна на празникот Ден на сеќавање на паднатите војници и бројни церемонии во пресрет на Денот на независноста се откажани, вклучувајќи го главниот државен настан, што требаше да се одржи во Ерусалим. Властите кажаа дека пожарот можеби е подметнат, но ова досега не е потврдено.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира