ДИРЕКТОРОТ НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ СИ ДАДЕ ОСТАВКА СРЕДЕ ШТРАЈК

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИРЕКТОРОТ НА МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ СИ ДАДЕ ОСТАВКА СРЕДЕ ШТРАЈК

    Никола Костов, генералниот директор на „Македонски железници – Транспорт“, поднел оставка среде штрајкот на неговите вработени, потврдија за САКАМДАКАЖАМ.МК извори од компанијата.

    Железничкиот сообраќај во земјава е во прекин веќе шести ден поради штрајкот на вработените, кои бараат исплата на јануарската плата.

    Министерството за транспорт и врски вчера соопшти дека на последната владина седница е донесена одлука за зголемување на средствата за директна помош за оперативното работење на железницата, во висина од околу 70 милиони денари на годишно ниво.

    Оттаму информираа дека според законските прописи овие дополнителни средства ќе може да се исплатат ако вработените за извршената работа приложат соодветна документација за направените трошоци за да може исплатените средства да се оправдаат во буџетот на Република Македонија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира