ДОЦНИ ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ, ОД ГРАДОТ НЕ КАЖУВААТ ЗОШТО, НИ КОГА ЌЕ СЕ ПРСКА

    ДОЦНИ ПРСКАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ, ОД ГРАДОТ НЕ КАЖУВААТ ЗОШТО, НИ КОГА ЌЕ СЕ ПРСКАСо години, прскањето почнуваше ко средината на април, по што се прскаше неколку пати авионски.(Фото: К. Попов)

    Во Скопје уште не е почнато прскањето против комарци, ниту од земја ниту авионски. Со години, прскањето почнуваше ко средината на април, по што се прскаше неколку пати авионски.

    Од Град Скопје не добивме одговор на нашето прашање зошто се доцни со прскање и кога се планира да се почне со оглед на тоа дека во Скопје веќе има комарци?

    И лани Градот доцнеше со прскањето, бидејќи пропадна дел од тендерот. Договорот за средство за уништување на возрасни форми на комарци и терестична апликација на средство за уништување на ларви од комарци беше склучен на 18 јуни и е со важност од 16 месеци. Вредноста на договорот е околу 5.000 евра, а средството е набавено до Институтот за јавно здравје. Договорот со аероклубот кој го врши  прскањето беше склучен на 27 мај 2024, во вредност од 420.000 евра со траење од 16 месеци.

    Во  Скопје изминативе неколку години летно време врие од комарци. Според истражувањата на Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ), големиот број комарци е поради тоа што се прска мала површина и постапката е несоодветна. Од таму велат дека средството со кое се прска е добро, но во населените места не треба да се врши авионска дезинсекција туку прскање од земја, оти само така ќе се уништат комарците.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира