ЗАВРШИ ВРЕМЕТО КОГА КРИМИНАЛЦИТЕ ШЕТАА СЛОБОДНО, СЕГА МАЈКИТЕ СПОКОЈНО СЕ ВРАЌААТ ДОМА ВО ДОЦНИТЕ ЧАСОВИ, КАЖА МИЦКОСКИ НА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА

    ЗАВРШИ ВРЕМЕТО КОГА КРИМИНАЛЦИТЕ ШЕТАА СЛОБОДНО, СЕГА МАЈКИТЕ СПОКОЈНО СЕ ВРАЌААТ ДОМА ВО ДОЦНИТЕ ЧАСОВИ, КАЖА МИЦКОСКИ НА ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТАМицкоски вели дека силата на државата се мери со тоа дали правдата стигнува до сите, вклучително и до најмоќните и најмаргинализираните. (Фото: Влада)

    Премиерот Христијан Мицкоски рече дека времето кога криминалци слободно се движеле, а институциите биле користени за лични и политички интереси, е завршено, на одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 Мај, во Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи во Идризово.

    „Се сеќаваме – и не смееме да заборавиме – како изгледаше нашето секојдневие пред неколку години. Криминалците се шетаа слободно, државата молчеше, а граѓаните живееја со чувство на немоќ. Имаше време кога институциите се користеа како алатка за лични и политички интереси, а не за правда. Пораките ‘ќе средиме’ и ‘ќе се јавам’ беа погласни од законот. Но, тоа време е завршено.Во оваа држава нема веќе место за врски, непотизам и заштита од одговорност. Законот важи за сите – без разлика дали се работи за обичен граѓанин, функционер или бизнисмен“, рече Мицкоски.

    Тој додаде дека силата на државата се мери со тоа дали правдата стигнува до сите, вклучително и до најмоќните и најмаргинализираните.

    „Вашата мисија е света – да го чувате поредокот, но и да ја вратите довербата кај народот“, им се обрати премиерот на полициските службеници.

    Обраќајќи се до граѓаните, Мицкоски кажа дека безбедноста не е само статистичка бројка, туку чувство кое го овозможуваат токму полицајците – чувство кога родителите без страв ги пуштаат децата на училиште, кога мајките спокојно се враќаат дома во доцните часови и кога секој граѓанин знае дека државата стои зад него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира