МИСЛЕВ ДЕКА ЌЕ МЕ УБИЈАТ, СВЕДОЧЕШЕ КИМ КАРДАШИЈАН НА СУДЕЊЕТО ВО ПАРИЗ ЗА ГРАБЕЖОТ ВО 2016

    МИСЛЕВ ДЕКА ЌЕ МЕ УБИЈАТ, СВЕДОЧЕШЕ КИМ КАРДАШИЈАН НА СУДЕЊЕТО ВО ПАРИЗ ЗА ГРАБЕЖОТ ВО 2016„Сè се смени по Париз“, сведочеше Кардашијан икажа дека сега вработува до шест луѓе да ја чуваат нејзината куќа навечер и дека почнала да добива фобија од излегување. (Фото: АП)

    Ким Кардашијан вчера пред судот во Париз емотивно рече дека мислела оти ќе умре од маскираните вооружени лица кои ѝ украдоа накит вреден милиони долари во луксузен хотелски апартман во 2016. Телевизиската ѕвезда и деловна жена, која била врзана и ѝ бил вперен пиштол в глава за време на грабежот, вчера за првпат се соочи со нејзините  напаѓачи додека даваше исказ за случајот.

    На девет мажи и една жена им се суди за вооружена кражба на накит вреден 10 милиони долари, меѓу кои и дијамантскиот веренички прстен од нејзиниот поранешен сопруг Кање Вест. Кардашијан зборуваше повеќе од три часа пред судот.

    Откако еден од обвинетите, Аомар Аит Кедаче (71), седејќи на неколку метри од неа, ѝ се извини, таа се сврте кон него и рече дека му простува.

    Осврнувајќи се на нејзиниот активизам во САД за подобрување на правосудниот систем и нејзините соништа да стане адвокат, таа му се заблагодари на Кедаче за неговото писмо со извинување.

    „Го ценам тоа, ти простувам“, му рече таа плачејќи. „Но, тоа не ги менува моите чувства, траумите и начинот на кој се промени мојот живот. Сакам само да им се заблагодарам на сите, особено на француските власти, што ми дозволија да сведочам денес и да ја кажам мојата вистина“, изјави телевизиската ѕвезда пред судот кој беше преполн со медиуми.

    На прашањето од судијата Давид де Па, дали мислела дека ќе умре, таа тивко одговори: „Апсолутно мислев дека ќе умрам“.

    Кардашијан рече дека гледала во очите на човекот кој ја врзал за да се обиде да запомни детали – и дека тој ѝ рекол ако остане тивка, ќе биде добро.

    Откако разбојниците го зеле накитот, тие излегле од апартманот, оставајќи ја Кардашијан во бањата. Таа рече дека потоа успеала да ги ослободи врзаните раце и скокнала по скалите до првиот кат од апартманот, каде што нејзината стилистка и пријателка Симон Харуш ѝпомогнала да се одврзе целосно. Двете потоа истрчале на балконот каде повикале помош додека се криеле во грмушките. Кардашијан рече дека била загрижена оти мажите ќе се вратат и дека кога се појавила париската полиција, не можела да ѝ верува бидејќи разбојниците исто така носеле полициски униформи.

    Скица од судењето на Кардашијан во Париз. (Фото: АП)

    Таа пред судот изјави дека немала телохранител со себе бидејќи до грабежот, таа и нејзиното семејство не верувале дека им е потребно такво ниво на безбедност. Таа рече дека претходно отсекогаш се чувствувала безбедно да излезе сама на улиците на Париз и дека им било удобно со нивниот тим за безбедност да престојува во друг хотел.

    „Сè се смени по Париз“, рече таа,  додавајќи дека сега вработува до шест луѓе да ја чуваат нејзината куќа навечер и дека почнала да добива „фобија од излегување“.

    Сведочењето на Кардашијан беше прекинато на неколку точки со понуди за извинување од двајца од обвинетите во судницата, кои се изјаснија за виновни за обвинението. Таа го игнорираше нејзиниот поранешен возач Гери Мадар, кој е обвинет дека ги известил  напаѓаќите за нејзината локација. Тој ги отфрли обвиненијата.

    „Сакав да бидам дел од денешното судење затоа што сум жртва во овој случај и првпат можам навистина да слушнам од сите и да следам. Тоа е она што го правам. Сакам да станам адвокат и верувам дека секој има можност да ја каже својата вистина, а ова е мој начин да го затворам ова поглавје и моја можност да се смирам ова по сето она низ кое поминав“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира