КОМПОЗИТОРОТ ФИЛИП ИВАНОВ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЈУЗОТ НА КОМПОЗИТОРИТЕ

    КОМПОЗИТОРОТ ФИЛИП ИВАНОВ Е НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОЈУЗОТ НА КОМПОЗИТОРИТЕИванов доаѓа на местото на претседателка Валентина Велковска-Трајановска (Фото: СОКОМ)

    Kомпозиторот Филип Иванов е избран за нов претседател на Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), соопшти Сојузот. Тој доаѓа на местото на композиторката Валентина Велковска-Трајановска.
    На седница на Собранието на СОКОМ избрано е и ново раководство. За претседател на претседателството на СОКОМ е избран композиторот Живојин Глишиќ, а во новиот состав со мандат од две години се композиторите Горан Начевски, Бојана Петровиќ-Алексова и Борис Светиев, како и музиколозите Ангелина Димоска- Миташева, Мирјана Павловска-Шулајковска и Јана Коловска-Божовиќ.
    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира