ГРКОТ ЗИАКАС ПОБЕДИ НА 85-КИЛОМЕТАРСКАТА ТРКА ОХРИД УЛТРА-ТРЕИЛ НА ГАЛИЧИЦА

    ГРКОТ ЗИАКАС ПОБЕДИ НА 85-КИЛОМЕТАРСКАТА ТРКА ОХРИД УЛТРА-ТРЕИЛ НА ГАЛИЧИЦАОрганизаторите најавија дека ќе учествуваат рекордни 650 тркачи од 42 земји (Фото: Фејсбук)

    Теодорос Зиакас од Грција победи на 85-километарската трка Охрид ултра-треил, чие седмо издание се одржа во националниот парк „Галичица“ овој викенд. Зиакас оствари време од 9:37:09 часа, стигнувајќи на целта пред Србинот Иван Мукоски (10:30:33) и Полјакот Станислав Когут (10:31:36).

    Во женска конкуренција најбрза беше Натали Капцалова од Чешка со време од 11:28:59 часа, додека втора беше домашната тркачка Ивана Најдовска (11:52:00).

    И оваа година, љубителите на планинското трчање можеа да изберат од пет трки со различни должина и тежина, распоредени во два дена. Организаторите најавија дека ќе учествуваат рекордни 650 тркачи од 42 земји.

    На трката Галичица ултра (45 км) победи Александар Стојкоски од Македонија со време од 4:05:27 часа, додека најдобро време кај жените имаше Фелине Мајстер од Германија – 04:54:54 часа.

    Алек Страм од Швајцарија славеше на трката Самотска треил (42 км) со време од 3:35:36 часа, а Николета Поповиќ од Србија кај жените (4:18:25). Победници на трката Летница треил (21 км) беа Сашо Богојевски од Македонија со нов рекорд од 2:01:01 часа и Елена Каранфилоска од Македонија со време од 2:13:15 часа, што исто така е рекорд на патеката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира