Досегашниот директор на Центарот за упрaвување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов е нов директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Владата го назначи Ангелов на оваа функција на местото на Џеват Селами од Коалицијата „Вреди“, кој е во домашен притвор во истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март со 62 жртви.
Од ЦУК за САКАМДАКАЖАМ.МК потврдија дека Ангелов ќе ја преземе директорската функција во Дирекцијата за заштита и спасување.
За директор на ЦУК ќе биде поставен кадар на „Вреди“.
А. АНТЕВСКА