Три лица загинаа во пожар во болница во северниот германски град Хамбург, соопштија властите. Повеќе од 50 луѓе се повредени, од кои 16 потешко, изјави портпаролот на противпожарната служба.
Пожарот избувнал ноќеска во приземјето на болницата Мариен и се проширил на првиот кат. Пожарот наводно избувнал во Геријатриското одделение во болницата, специјализирано за нега на повозрасни пациенти. Првично беше нејасно како избувнал пожарот, како и степенот на штетата.
Пожарникарите спасуваа луѓе низ прозорците, рече портпаролот. Околу 160 спасувачи биле ангажирани на пожарот. Пламените јазици се изгаснати, а делови од зградата се евакуирани.
Болницата е една од најголемите верски болници во северна Германија. Има околу 600 кревети и третира приближно 93.000 пациенти секоја година.