БИВШАТА ГЕРМАНСКА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ АНАЛЕНА БЕРБОК ИЗБРАНА ЗА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОН

    БИВШАТА ГЕРМАНСКА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ АНАЛЕНА БЕРБОК ИЗБРАНА ЗА НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОНБербок беше министерка во претходната влада на Олаф Шолц (Фото: АФП)

    Бившата германска министерка за надворешни работи Аналена Бербок е избрана за новата претседателка на Генералното собрание на Обединетите нации. Таа ќе стапи на функцијата на 9 септември и ќе го води собранието една година.

    Бербок беше избрана со просто мнозинство и немаше противкандидат. Русија беше против номинацијата на Бербок и побара тајно гласање, кое и онака се сметаше за формалност.

    Оваа функција за 2025-26 ѝ припаѓаше на Германија, која се реши за Бербок пред искусната дипломатка Хелга Шмит.

    Како кадар за Зелените, Бербок (44) беше министерка за надворешни работи на Германија во претходната влада на Олаф Шолц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира