Исечени и искастрени се повеќе стебла на кејот на реката Драгор во Битола, а стеблата и гранките се фрлени ги во коритото на реката. Така, стебла долги по два-три метри со широки крошни се оставени среде река.
Директорот на јавното претпријатие „Комуналец” Зоран Соклевски во телефонски разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека стеблата и гранките ги исекле вработени од нивното претпријатие.
„Тоа беа стари стебла по 40 години. Веќе станаа опасни за минувачите. Затоа ги исековме. Гранките останаа в река, но штом се намали нивото на водата од понеделник ќе ги отстраниме“, вели Соклевски.
Во меѓувреме, хаосот во реката на своја рака почнаа да го расчистуваат граѓани од социјалните категории. Тие ги сечат гранките за огрев.
Ж. ЗДРАВКОВСКА