АВИОН СО 244 ЛУЃЕ СЕ УРНА ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД ИНДИСКИОТ ГРАД АХМЕДАБАД, ЛЕТАЛ ЗА ЛОНДОН

    АВИОН СО 244 ЛУЃЕ СЕ УРНА ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ОД ИНДИСКИОТ ГРАД АХМЕДАБАД, ЛЕТАЛ ЗА ЛОНДОНКонтакт со авионот бил изгубен помалку од една минута по полетувањето

    Авион на „Ер Индија“ кој летал за Лондон се урна близу аеродромот во Ахмедабад во Индија. Локалната полиција објави дека во авионот имало 244 луѓе, вклучувајќи ги членовите на екипажот и наводно паднал во населена област.

    „Ер Индија“ потврди дека авионот „боинг 787-8 дримлајнер“ летал за аеродромот „Гетвик“ во Лондон.

    Сајтот за следење авионски летови „Флајтрадар24“ објави дека контакт со авионот бил изгубен помалку од една минута по полетувањето.

    „Мобилизирани се сите спасувачки тимови. Сите се ставени во состојба на највисока готовност. Авионот се урна надвор од периметарот на аеродромот“, соопшти индиското министерство за авијација.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира