ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 21 ЈУНИ СО ПРОТЕСТЕН МАРШ ПО СКОПСКИТЕ УЛИЦИ И ПРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ

    ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 21 ЈУНИ СО ПРОТЕСТЕН МАРШ ПО СКОПСКИТЕ УЛИЦИ И ПРЕД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕГодинава нема да има концерт туку протестен марш бидејќи како што велат организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, во изминатите месеци образовниот систем го брише секое спомнување на навните идентитети и приказни. (Фото: Хелсиншки комитет)

    Годинашната Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 21 јуни под паролата „Ќе (оп)стоиме заедно. Годинава нема да има концерт, туку протестен марш, бидејќи, како што велат организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија, во изминатите месеци образовниот систем го брише секое спомнување на нивните идентитети и приказни.

    „Зголеменото насилство, омразата и исмевањето во училиштата не се случајни, тие се последица на институционален срам и молк. Наместо заштита, образовните политики нудат невидливост. Наместо грижа – негирање. И токму затоа ќе застанеме пред Министерството за образование, гласни и непокорни, затоа што младите заслужуваат“, кажа Стефан Петровски, активист.

    Маршот ќе тргне од паркот Жена-борец, каде што во 18 часот ќе почне собирањето на учесниците, а во 19 часот, по кратките поздравни говори, ќе започне протестниот марш по скопските улици.

    „Доста е од молк за Кочани, доста е од игнорирање на Законот за правно признавање на род, доста е од воздржаност пред геноцид. Протестираме не поради традиција, туку затоа што е потребно. Затоа што многу ЛГБТИК+ луѓе и понатаму се третираат како невидливи, несигурни и незаштитени. Затоа што транс лицата сè уште чекаат правно признавање на родот. Затоа што образованието се чисти од секакво споменување на нашите животи. Затоа што сакаме да живееме во општество во кое телата, љубовта и идентитетите нема да се сметаат за закана“, велат организаторите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира